Американскиот претседател Доналд Трамп стана дедо по десетти пат. Сопругата на неговот син Ерик – Лара роди девојче.
Бебето е крстено Каролина Дороти Трамп. Тоа е второ дете на двојката. Нивниот син Ерук Лук ќе наполни две години во септември.
Трамп (73) има пет деца од три различни жени.
Ерик (35) е трето дете на Доналд Трамп. Тој е главен извршен директор заедно со брат му Доналд помладиот на главната компанија на својот татко. Лара (36) е поранешен новинар и заедно со сопругот ја имаат фондацијата „Ерик Трамп“ што финансира во детски болници.