Францускиот министер за акција и јавни сметки,Жерард Дарманин, преку Твитер објави дека поради „крајно ниските стапки на задолжување“ што ја одразуваат „довербата на инвеститорите во Франција“, земјата ќе заштеди две милијарди евра, јавува дописникот на МИА.
Должничкото оптоварување на француската држава треба да се намали за две милијарди евра оваа година во споредба со прогнозата на Законот за финансии, заради ниските камати.
–Државата се задолжува со екстремно ниски стапки, дури и негативни (…) Во текот на годината, тоа се скоро две милијарди евра остварени заштеди во споредба со буџетските предвидувања, рече министерот Жерар Дарманиан во пораката објавено на Твитер.
–Државата се задолжува по екстремно ниски стапки, дури и негативни. Тие ја отсликуваат довербата на инвеститорите во Франција бидејќи нашата економија е здрава и силна, рече министерот.
Буџетот за 2019 година предвидуваше дека оптоварувањето на долгот ќе изнесува 42,2 милијарди евра за оваа година и судот на ревизори процени во извештајот објавен во јуни дека државата може да заштеди околу 400 милиони евра на оваа сума, врз основа на нивото на каматните стапки регистрирани во мај.
За првпат во својата историја во јуни, приносот на 10-годишната обврска на француската Влада во вторникот беше на -0.413 отсто. Во текот на првите седум месеци од годината, трошоците за финансирање на државата на своите заеми во текот на една година паднаа на 0,23 отсто, што е помалку од половина од стапката забележана во истиот период во 2018 година, според податоците на Агенцијата Франс Трезор. И од 30 јуни, 73,6 отсто од францускиот долг имаше негативни стапки.
Ниските каматни стапки веќе доведоа во последниве години ревизии на годишниот трошок за камата што ја плаќа француската Влада и покрај зголемувањето на нејзиниот долг.