Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека повторниот прием на Русија во групата Г-7 без решавање на прашањето за украинската криза ќе биде грешка.

Тој додаде дека тоа исто така ќе укаже и на слабоста на западните сили.

Макрон смета дека таквиот потег ќе претставува стратешка грешка што ќе ја потврди ерата на неказнивост.

Франсускиот лидер во пресрет на самитот што овој викенд ќе се одржи во градот Бијарици рече дека украинската криза мора да се реши пред Русија да се врати на маса, иако останува од клучно значење Москва да продолжи со разгледувањето на меѓународните кризи.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/08/2019 22:20