Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли извештаите во медиумите за тензии меѓу лидерите на Г7 на самитот во Биариц, додавајќи дека тие „се одвиваат многу добро“.

„Пред да пристигнам во Франција, лажните вести велеа дека односите со другите шест земји во Г7 се многу тензични и дека дводневната средба ќе биде катастрофа“, напиша Трамп на Твитер.

„Па, ние имаме многу добри состаноци, лидерите се дложуваат многу добро, а нашата земја напредува одлично економски – целиот свет зборува за тоа“, напиша Трамп.

Лидерите на групата Г-7 денеска ја продолжуваат средбата што започна вчера во францускиот град Биариц.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2019 11:34