Заедничкиот турско-американски оперативен центар за управување со безбедна зона во североисточна Сирија е целосно оперативен, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, јави Анадолија.

Турција и САД се согласија да формираат заеднички центар за операции долж североисточната граница на Сирија.

Акар додаде дека безбедната зона е планирано да биде формирана без да се губи време, во рамките утврдени со календарот.

„ Во нашиот телефонски разговор со американскиот министер за одбрана, Еспер, се согласивме дека воените делегации ќе се соберат во Анкара за да ја започнат првата фаза и да се планираат следните фази”, рече Акар. Тој додаде дека Центарот го водат турски и американски генерал.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2019 11:46