Израелски авиони нападнаа иранските сили во близина на Дамаск кои планираа да лансираат вооружени беспилотни летала врз цели во Израел, изјави портпарол на израелската војска.

Според нив, нападот бил насочен кон оперативци на Иранската револуционерна гарда и шиитски милиции кои во последниве денови планираат напади од Сирија врз Израел.

Портпаролот на израелската војска изјави дека тие подготвуваат лансирање „смртоносни беспилотни летала“ вооружени со експлозив кон северен Израел.

Сириските државни медиуми соопштија дека сириските воздушни одбранбени сили ги пресретнале непријателските напади во саботата навечер над главниот град Дамаск.

Сириската војска во изјавата нагласува дека повеќето израелски проектили биле уништени пред да ги погодат своите цели.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2019 11:54