Лидерот на австриската Народна партија Себастијан Курц предупреди за опасноста од рецесија во Австрија.

Поранешниот австриски канцелар, во интервју за виенскиот весник „Естерајх“, посочи на лошиот економски развој во Германија, која е најважниот трговски партнер на Австрија.

„Лошиот економски развој во Германија, кај нашиот најважен деловен партнер, може да има драматични последици и затоа итно е неопходно да се спроведат даночни реформи. Ако останат повеќе пари во паричникот на граѓаните, ќе можеме да ја спречиме рецесијата”, објасни тој.

Курц ги наведе негативните случувања во Германија, трговските тензии со САД како и „тврд“ Брегзит како причини за закана на економската криза во Австрија.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2019 14:26