Американскиот претседател Доналд Трамп негираше соопштение на француското претседателство дека Г7 му дозволиле на францускиот претседател Емануел Макрон да испрати порака до Иран во име на групата.

„Јас за тоа не сум разговарал“, рече Трамп.

Претседателството претходно објави дека групата се согласила Макрон да му испрати порака на Иран и да одржува состаноци со иранските власти.

Деталите за пораката не се објавени, но се вели дека целта е да се спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје и понатамошно дестабилизирање на Блискиот исток.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/08/2019 14:26