Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека треба да се искористи секоја можност за да се избегне понатамошна ескалација на кризата за иранската нуклеарна програма.
Таа истакна дека лидерите на земјите членки на Г-7 имале добар и конструктивен разговор на Самитот во Биариц на таа тема.
По изненадното пристигнување на иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф во Биариц, Меркел посочи дека неговото присуство е „паралелен настан на исто место“ и оти лидерите на Г-7 сега мора да видат „дали комуникацијата без одложување произведува нови можности за разговори и можеби преговори со Иран“.
Зариф вчера неочекувано пристигна во Биариц, каде се одржува Самитот на Г-7 откако доби покана од домаќинот Франција.
Според Меркел синоќешната дискусија покажала дека лидерите на сите земји членки на Г-7 се согласуваат дека Иран не смее да има нуклеарно оружје и дека тоа мора биде обезбедено со преговори со Техеран.