Полицијците во Хонг Конг вчера првпат употребија огнено оружје за да се одбранат од маскираните демонстранти кои ги напаѓаа со камења и „молотови коктели“.

По завршувањето на маршот група радикални демонстранти ја зазедоа главната улица, а полицијата употреби солзавец. Демонстрантите почнаа да фрлаат камења и „молотови коктели“, додека еден полицаец пукаше во воздух со цел да ги запри напаѓачите.

Полицијата употреби и водени топови за растерување на толпата.

Вчерашните протести во Хонг Конг беа најнасилни од јуни, кога демонстрантите првпат побараа повлекување на законот со кој се предвидуваше можност граѓани на Хонг Конг да бидат екстрадирани во Кина. Во меѓувреме законот е повлечен, додека протестите продолжија со барања за оставка на локалната Влада.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2019 11:20