Претседателот на Колумбија, Иван Дуке изјави синоќа дека ќе претстави предлог за регионален пакт за зачувување на Амазонија на Генералното собрание на ОН во Њујорк во септември, како одговор на пожарите што уништуваат во тие области што се нарекуваат бели дробови на планетата.

-Ние сакаме да направиме подготовки за пактот за зачувување во кои се вклучени земји на кои територијата на Амазонија им е заедничка, рече претседателот.

-Во моментов ситуацијата со пожарите во нашата земја не е споредлива со онаа во Бразил, но ние мора да бидеме подготвени и оваа посета треба да значи тревога, додаде Дуке.

Пред да поднесе предлог до ОН, колумбискиот претседател ќе расправа за пактот на министерска средба со перуанскиот колега Мартин Визкар, што ќе се одржи утре во Пукалпа, источно Перу. Освен Колумбија и Бразил, амазонската прашума се протега и низ Перу, Боливија, Венецуела, Гвајана, Француска Гвајана, Суринам и Еквадор.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/08/2019 11:25