Кошаркарскиот клуб од Бруклин Нетс одлучи да му понуди на Карис Ле Верт продолжување на договорот на три години за 52 милиони долари.

Со ваквиот потег се добива впечаток дека Нетси се решени во следните неколку сезони да започнат напад врз НБА титулата, особено откако во тимот донесоа уште две мега sвезди во како Кевин Дурант и Кири Ирвинг.

Инаку, Ле Верт минатата година прикажа одлична кошарка и кога беше во максимумот му се случи сериозна повреда која сега е веќе минато. Овој одличен стрелец беше драфтуван во 2016 година кај Пејсерси кои го разменија во Бруклин.

Кога ќе закрепне Кевин Дурант, екипата од Њујорк ќе има невиден потенцијал и сосема е сигурно дека доколку не му се случат повреди ќе биде главен конкурент за титулата шампион на Источната конференција, но и на целата НБА лига.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2019 00:08