Одлуката на британскиот премиер Борис Џонсон да ја суспендира работата на Парламентот ја отежнува кризата со брегзит.

Потегот на Џонсон одобрен од кралицата Елизабета Втора ги ограничува значително можностите за акции на пратениците кои сакаат да го попречат Лондон да ја напушти ЕУ без договор.

„Кралицата немаше друг избор“, наведува Монд.

Пратениците се надеваа дека следниот месец ќе спречат евентуално напуштање на ЕУ без договор, но имаа само десет денови – од 21 октомври до последниот рок – 31 октомври.

„Грубо непочитување на Уставот“, гласат дел од реакциите во европски весници.

Некои веќе го оквалификуваа како „најцрниот ден во историјата на британската демократија“, наведува Франкфуртер алгемајне цајтунг.

„Се уште претстои да видиме дали британските судови ќе го спречат Џонсон. Но едно е сигурно – Џонсон сака да го спречи Парламентот да запре напуштање на ЕУ без договор. Оваа година повеќето пратеници се залагаа против „тврд“ брегзит. Премиерот сака да ја напупшти ЕУ без разлика на цената, дури и ако тоа означува да го извади Парламентот од игра. Таков процедурален труик не е користен веќе 70 години, нагласува Велт.

Според весникот, тоа е „финален судир во конфликт што трае веќе две години…Џонсон го прекинува функционирањето на Парламентот за да ја испочитува волјата на народот како што тој ја гледа“. Тоа еисронијата на ситуацијата.

„Поддржувачите на брегзит искористија недостиг на демократија во Европа како аргумент за напуштање на ЕУ и сега кога станува збор за постигнување на нивните цели тие го покажуваат сопствениот значителен недостиг на демократија“, наведува во коментар Велт.

„Напуштањето на ЕУ ќе предизвика штета не само на британската економија туку и на демократската традиција“.

Гардијан го оквалификува решението на премиерот како „напад врз демократијата“ нагласувајќи дека ако дејствијата се соодветни на законот, по дух се пројава на уставен вандализам.

Њујорк тајмс нагласува дека со одлуката за суспендирање на работата на Парламентот Џонсон покажува бескомпромисна тактика и во моментот тој ги користи сите бенифициина извршната власт за да ја поткопа нестабилната опозиција ризикувајќи и уставна криза за да исполни тоа што ветил.

Противниците на британскиот премиер велат дека неговата политика може да доведе до катастрофален брегзит без договор што има потенцијал да ја подели Велика Британија, да наштети на британското земјоделство и некои индустриски сектори и да ја доведе економијата во рецесија, истовремено и да се појави недостиг од храна и лекови. Сепак, поддржувачите ги отфрлаат ваквите изјави како обид за всадување страв.

Со своето најдрско решение како премиер Џонсон покажува дека е толку воинствен премиер колку што не беше неговата претходничка Тереза Меј. Тој дејствува порадикално за разлика кога беше граоначалник на Лондон, нагласува Њујорк тајмс. Новиот став е далеку поорганизиран и до голем степен поагресивен, коментира Тони Траверс, професор на Лондонската школа за економија. Според анализтичари Џонсон се обидува да предизвика предвремени избори и смета дека има шанси да победи, наведува весникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2019 17:46