Најдобриот играч за сезоната 2018/19 година веќе е факт и неговото име Вирџил ван Дајк. Ова е прва награда за дефанзивецот на Ливерпул, кој победи во конкуренција на Лионел Меси (Барселона) и Кристијано Роналдо (Јувентус) за наградата која беше доделена за времена ждрепката во Лигата на шампионите во Монако.

– Патот тука е долг, но сакам да му се заблагодарам на мојот тим. Морав да работам многу сериозно и многу сум среќен што го добив овој трофеј и се искачив на уште еден врв. Благодарност до сите кои досега ми помогнаа. Како млад играч, можам да кажам дека мојот идол беше Роналдињо. Уживањето во играта, триковите – ми беше задоволство да го гледам како игра, но тој е мојот идол. Има многу други што не можам да ги спомнам, бидејќи има многу, но тие ми помогнаа, рече Вирџил ван Дајк при добивањето на наградата



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2019 22:23