Русија и Венецуела стартуваа со победи на Светското кошаркарско првенстов во Кина, откако ги поразија екипите на Нигерија односно Венецуела.

Русија имаше прилично слаб настап на почеток, па дури се чинеше дека е на добар пат да загуби во првиот меч од Нигерија, бидејќи имаа осум бода се до половината на последната четвртина. Но, Русите успеаја да направат пресврт, а потоа да ја задржат предноста до финишот кој заврши со 82:77 во полза на Русите.

Најефикасен кај Русите беше Кулагин кој постигна 16 поени, додека кај нигериската репрезентација Окоги со 18 поени.

За разлика од Русија, Полска постигна лесна победа врз Венецуела со резултат 80-69. Венецуела добро се снајде само во првата четвртина, која ја доби со 24:22, но остатокот од натпреварот беше во знакот на Полска.

Најефикасен кај Полјаците беше Соколовски со 16 поени и Понитка со 15 поени, додека најефикасен кај Венецуела беше Педро Чурио со 15 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2019 16:23