Бразил го порази Нов Зеланд со 102:94 на првиот натпревар од првото коло на групата Ф на Светското првенство во кошарка кое се одржува во Пекинг.

Бразил влезе како голем фаворит на овој натпревар, на крајот на првата четвртина имаше предност од половина поен 21:20. Втората четвртина беше неизвесна па така и заврши нерешено 50:50.

Бразилците најголемата предност ја направија во третата четвртина за плус 16 поени што беше пресудно и за конечниот резултат 102:94.

Најефикасен кај Бразил беше Леандрино Барбоса со 22 поени, додека кај Нов Зеланд Кори Вебстер, кој постигна 19 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2019 14:13