Грција забележа убедлива победа од 85:60 против Црна Гора во првото коло од Светското кошаркарско првенство во Кина.

Грција ја заврши целата работа уште во првото полувреме. Црногорците постигнаа само 16 поени во тој дел од натпреварот.

Во продолжението на мечот, репрезентацијата на Грција лесно го задржа водството, недозволувајќи им на Црногорците да се вратат во игра и на крајот забележаа лесна победа.

Георгиос Принтезис со 16 поени беше најефикасен кај Грција, а кај Црна Гора најпрецизен беше Никола Вучевиќ кој постигна 12 поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 02:53