Литванија дебитираше на Светското кошаркарско првенство во Кина со рекордна победа, откако го порази Сенегал со резултат 101: 47, односно 54 поени разлика.

Веќе по првата четвртина се знаеше дека натпреварот е решен, откако Литванците имаа водство од 27:10.

Во продолжение на натпреварот Литванија само ја зголемуваше предноста која достигна неверојатни +54, при конечен резултат 101:47.

Најефикасни кај Литванците беа Сабонис, Калниетис и Валанчиунас со по 13 поени. Кај репрезентацијата на Сенегал најпрецизни беа Туре, Фаје и Ндур кои постигнаа по осум поени.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 02:54