Екипата на Шпанија забележа втора победа на Светското првенство во Кина. Шпанците го совладаа Порто Рико со 73-63 во натпревар во групата „Ц“, одигран во Гуангжу.

Како и во нивниот прв натпревар против Тунис, денес Шпанците повторно ја загубија првата четвртина, но тогаш нивната поголема класа си го кажа зборот, а решавачка беше третата четвртина, која ја освоија со 21:10.

На паузата, Шпанија имаше само кош предност , а во последната четвртина, обидот на Порто Рико за пресврт беше неуспешен, за разлика од мечот со Иран во кој момчињата на Еди Касиано го шокираа својот ривал.

Денес, меѓутоа, фаворитот немаше слични проблеми, а над сите беа sвездите Марк Гасол и Рики Рубио. Центарот на Торонто Репторс забележа 19 поени, 7 скока, 2 асистенции, 2 украдени топки и 2 блокади. Бекот Рубио, кој потпиша со Феникс Санс ова лето, постигна 17 поени и додаде 8 скока и 4 асистенции. Ниту еден друг кошаркар во Шпанија не успеа да запише двоцифрен број на поени.

За Порторико, Клавел постигна 13 поени, а 11 додаде Гери Браун.

На последните две средби во групата, лидерот Шпанија излегува против Иран, а Порто Рико ќе ги измери силите со Тунис во директен судир за место во следната фаза.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2019 21:43