Тимот на САД беше на чекор од пораз против Турција на Светското во кошарка во Кина, но Американците преживеаја и го совладаа својот ривал 93:92, по продолжение во натпревар од групата „Е“ одигран во Шангај.

Избраниците на Грег Поповиќ ја добија првата четвртина со 26:21, а втората заврши без победник – 21:21. Во текот на второто полувреме, турскиот тим пружи неочекувано силен отпор на САД, за кои се знае дека пристигнаа во Кина во прилично експериментална постава, бидејќи буквално сите големи американски sвезди откажаа учество – поради различни причини – на Светскиот куп.

На 12 секунди пред крајот на натпреварот, крилото на Милвоки Бакс, Ерсан Илјасова, постигна кош за да ја доведе Турција во предност од 81-79. Тогаш, соиграчот на Илјасова од Милвоки – Крис Мидлтон, промаши шут од тројка, но ситниот Кемба Вокер запиша офанзивен скок и им даде нова можност на Американците. Крилото на Кливленд Кавалирс, Џеди Осман го фаулираше Џејсон Тејтум од Бостон Селтикс, кој беше во можност да им донесе победа на САД со три удари од пенал. Тејтум го промаши вториот слободен удар, но сепак го испрати натпреварот во продолжение – 81-81.

Во дополнителните 5 минути, Турците беа многу, многу блиску до големата победа. Имаа предност од 89:84, пред Соединетите држави да го свртат резултатот во своја корист – 91:89. Сепак, Осман го направи резултатот 92-91 за Турција на 50 секунди пред крајот, откако постигна кош и беше фаулиран, а потоа и прецизен од пенач. Завршните секунди беа повеќе од драматични откако Џо Харис изврши неспортски прекршок, но Догус Балбаи ги промаши двата пенали, а потоа истото го направи и Осман на 9 секунди пред крајот. На две секунди пред крајот, Мидлтон беше фаулиран и не згреши, постигнувајќи за 93:92 за САД. Турците имаа една последна шанса, но шутот од тројка на Илјасова беше неуспешен и избраниците на Уфук Сарица испуштија златна можност да ги совладаат Американците.

Крис Мидлтон и Кемба Вокер беа први стрелци во САД со 15 и 14 поени, соодветно. Џејсон Тејтум забележа 11 поени и 11 скокови.

За Турција Ерсан Илјасова забележа 23 поени и 14 скока, додека Мехит Махмутоглу се истакна со 18.

По победата над Јапонија на првата средба, Турција ја завзема втората позиција во групата „Е“, а тимот на САД остана лидер. Трет е чешкиот тим, а четврти се Јапонците



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 00:32