Бразил ја победи Грција со 79:78 на еден од најдраматичните и највозбудливите натпревари од почетокот на Светското првенство во кошарка во Кина. Јужноамериканците успеаја да ги совладаат Хелените, откако бекор на Фенербахче, Костас Слукас, не успеа да реализира клучен удар од линијата за слободно на 2 секунди пред крајот.

Тој беше фаулиран кога се обиде да шутира од зоната за три поени и беше во можност да комплетира три слободни удари при резултат 79:76 за Бразил. Слукас беше прецизен по првите два удари, но го промаши третиот и не успеа да го испрати мечот во продолжение, а нашите јужни соседи мораа да го проголтаат поразот од составот на Александар Петрович.

Така, Бразил забележа втора победа во групата Ф и е лидер во рангирањето во оваа група, откако јужноамериканците во првата средба на првенството го совладаа Нов Зеланд. Грција се справи со Црна Гора во нивниот прв натпревар, но денес Јанис Адетокумбо и компанијата пропуштија предност од 10 поени по првото полувреме. Грците беа стигнати од својот ривал во третата четвртина, која заврши со 26:13 за Бразил.

Голем јунак за тимот од Земјата на кафето денес беше центарот на Фламенго Андерсон Варежао, кој има огромно искуство во НБА со Кливленд Кавалирс и Голден Стејт Вориорс. Варежао, кој ќе наполни 37 години на крајот на месецот, денес забележа 22 поени, 9 скокови, 2 асистенции и 1 украдена топка. 35-годишниот Маркињос Соса придонесе со 15 поени за успехот, додека 36-годишниот Леандро Барбоса и 39-годишниот Алекс Гарсија допринесоа со по 13 поени.

За Грција, суперesвездата Адетокумбо постигна скромни за него 13 поени, откако Принтезис и Калатес постигнаа 20 и 16 поени соодветно.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 00:32