Репрезентацијата на Полска попладнево ја совлада селекцијата на Брегот на Слоновата коска со 80:63 во натпревар од третото коло од групната фаза на Светското кошаркарско првенство.

Полските кошаркари ги победија сите три меча во групата и од првото место одат во следната фаза.

За второто место во А-сегменот во директен дуел ќе одлучуваат домаќинот на шампионатот Кина и Венецуела. Овој меч почнува во 14 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2019 16:25