Македонски брас квартет, составен од четворица музичари, вработени во Националната опера и балет, Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна и Владан Дробицки – тромбон, одржа концерт до Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен.

На настапот беа изведени дела од времето на барокот, преку класицизмот до прекрасното аргентинско танго.

Директорот на Домот на културата – Ресен, Васко Василевски најави дека во кино-салата во рамки на Домот на културата, ќе биде изведена монодрамата „Пауна“, како дел од хуманитарната акција за помош на 20-годишниот Дарко Циревски од Ресен.

Монодрамата „Пауна“, е направена по текст на Мирјанка Ристеска Селчанец, а режисери на претставата се Сотир Чаушевски и Даринка Веслиевска од Ресен. Кореографијата е на Виолета Колодезни.

Монодрамата ќе ја изведува Сара Марковска, 16-годишна ученичка од Ресен, која неодамна ја доби наградата млад актер на годинешниот 17. Интернационален фестивал „Актерот на Европа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/09/2019 22:36