Србија ја продолжува својата победничка серија на Светското во Кина. Кошаркарите на Саша Ѓорѓевиќ, кои забележаа три победи од три одиграни натпревари во првата фаза на турнирот, ја започнаа втората фаза со успех, откако го совладаа Порто Рико со убедливи 90:47.

„Сините“ беа дефинитивно подобри од својот противник, а до паузата водеа со плус 20 разлика. Доминацијата на нашите северни соседи продолжи и по полувремето и резултатот гласеше 71:39 пред последните 10 минути, а мечот заврши со 90:47 за Србите.

Немања Бјелица постигна 18 поени, за победничкиот тим, Маријановиќ реализираше 16, Никола Јокиќ додаде 14 и 10 скокови, а Стефан Бирчевиќ помогна со 12.

Дејвид Вертас постигна 12 за Порто Рико.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2019 18:51