Судиите што ја делеа правдата на натпреварот Франција – Литванија (78:75) нема да бидат делегирани до крајот на Светското кошаркарско првенство.

Ова го објави на Твитер литванскиот новинар Донатас Урбонис, повикувајќи се на информации за ФИБА.

Литванија претходно поднесе тужба за судењето. Според литванската страна, во финишот од мечот не им биле признати два поена поради неправилно играње на обрач на играч од францускиот тим.

Литванија тесно го загуби натпреварот, а со тоа и шансите за четвртфинале.

Судии на мечот беа Антонио Конде (Шпанија), Даниел Алберто Гарсија Нивес и Леандро Лескано (Аргентина).

Светското првенство во кошарка се одржува во Кина од 31 август до 15 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 02:42