Грчката кошаркарска репрезентација попладнево забележа победа над чешката селекција со 84:77 во натпревар од второто коло на Светското првенство. Разликата од седум поени е недоволна за Грците Да се надеваат на пласман помеѓу осумте најдобри. Нив им беше потребен триумф од најмалку 12 разлика.

Во последниот дуел од К-групата, ќе се соочат САД и Бразил.

Американците се прв на табелата со осум бода и обезбеден пласман во четвртфиналето. Во моментов Грција е втора со осум бода, исто толку има и Чешка, додека Бразил собра седум бода.

Чешка го победи Бразил со 22 поени разлика, а загуби од Грција со седум и има плус 15 во евентуалниот круг на три репрезентации со ист број бодови.

Грција има победа со седум разлика над Чешка и пораз од Бразил со еден поен, односно плус шест. Бразил во тој круг би имал минус 21 поен.

Затоа на Бразилците им треба триумф против САД за влез во четвртфиналето, во спротивно Чешка ќе оди во елиминациската фаза.

Светското првенство во Кина се одржува од 31 август до 15 септември.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2019 19:48