Аргентина ќе го игра полуфинале на Светското првенство во кошарка по трет пат во својата историја, откако ја елиминираше Србија по победата од 97-87 (25:23, 29:26, 14:18, 29:20).
Предводени од Факундо Кампацо, кој беше вистински волшебник на врвот на нападот, како и Луис Скола, кој одигра уште еден фантастичен натпревар, иако има 39 години, Латиноамериканците ги исфрлија фаворитите во првото четвртфинале на СП 2019 во Кина. Во спор околу место во финалето, тие ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу САД и Франција.
Кампацо беше број 1 во средбата со „дабл-дабл“ учинок – 18 поени, 12 асистенции, 6 скока и 3 украдени топки. Бекот на Реал (Мадрид) постигна 3/6 од тројка и направи 5 грешки за скоро 30 минути на теренот. Луис Скола додаде 20 поени и 5 скокови, Патрисио Гарино постигна 15 поени, а Габриел Дек и Лука Вилдоса имаа 13 и 11 поени, соодветно.
Победниците имаа стапка на успех од 44% во шутевите за три поени – (12/27).
Богдан Богдановиќ со 21 поен беше најефикасен за Србија, додека Немања Бјелица постигна 18, а Никола Јокиќ остана со 16 поени, 10 скока и 5 асистенции