Проектот „Конфронт драма“ – предавање и работилница со унгарската продуцентка Силвија Хушар ќе се одржи денеска во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица.
„Конфронт драмата“ е наменета за театарската заедница во државава и ансамблот актери, драматурзи, режисери и продуценти на НУ Театар „Антон Панов“ во Струмица.
Проектот е дел од програмите на Македонскиот центар на ИТИ, Унгарската амбада во Скопје и Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица, а поддржан е од Министерството за култура на Р.С. Македонија и Унгарската амбасада во Македонија.
Силвија Хушар е театролог, преведувач и креативен продуцент. Родена е во Чехословачка. Дипломирала на Одделот за театрологија на Академијата за Изведувачки уметности и магистрирала на Универзитетот Комениус во Братислава.
Од 2009 година работи во Маладипе театар како менаџер за меѓународни соработки и како креативен продуцент за уметничкиот режисер Золтан Балаш.
Официјален јазик на предавањето и работилницата е англискиот јазик, со симултан превод на македонски јазик.