Австралија за прв пат во својата историја ќе игра полуфинале на Светското првенство во кошарка.
Кошаркарите на Андреј Леманис ставија крај на приказната на дебитантот на Мундијалот, Чешка, победувајќи ги со 82:70 (17:17, 16:13, 30:18, 19:22) во последниот четвртфинален натпревар на турнирот во Кина.
Милс со 24 поени и 6 асистенции, како и Крис Гулдинг со 14, беа двајцата најдобри стрелци кај Австралија, додека Патрик Ауда постигна 21 за Чешка, а Томас Саторански остана на скок од „трипл-дабл“ – 13 поени, 13 асистенции и 9 скокови.
Во полуфиналето Австралија излегува против Шпанија