Во галериjата на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софиja вечер од 18.30 часот ќе биде отворена изложбата „Концепти за урбани пеjзажи“ на Катерина Деспот и Васка Сандева, професорки на Штипскиот универзитет.

Тие ќе се претстават со околу дваесет ликовни дела во различни ликовни техники, а колажот е избран како специјално изразно средство во пејзажните композиции на двете авторки. Пејзажот е претставен како неразделен сегмент на живеење на урбаната градска средина и како битен фактор на животната средина, амбиент кој плени во многу сегменти од секојдневието.

Катерина Деспот (Прилеп, 1977) завршила Индустриски дизајн во Националната ликовна академија во Софија, каде што го продолжила образованието и станала доктор на науки. Во 2018 година специјализирала на тема „Влијанието на паркoвата уметност врз развојот на модерната паркова композиција”. Од 2009 година е професор на Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Васка Сандева (Кочани, 1982) завршила Пејжазна архитектура и докторирала на Шумарско-технички универзитет во Софија. Минатата година специјализирала на тема „Уметнички принципи на паркова уметност како фактор за уредување на улиците во градовите на Република Македонија”. Од 2010 година е професор на Штипскиот универзитет.

Катерина Деспот и Васка Сандева се авторки на голем број публикации, статии, проекти…, имале самостојни претставувања и учества на групни изложби.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2019 12:07