Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го освоија второто место на меѓународниот меморијален турнир „Антонио Алексе“ во Романија, откако вчеравечер загубија од домаќинот Орадеа со 97:64.

Џабари Хиндс со 21 поен беше најпрецизен кај аеродромци, Нуни Омот постигна 12 поени, Марин Морнар беше стрелец на осум, а Дамјан Стојановски на седум поени.

Македонскиот шампион денес ќе ги продолжи подготовките за новата сезона. Следните две контроли на „сино-белите“ ќе бидат против романска Крајова на 16 и 17 септември во „Јане Сандански“.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2019 13:25