Театарската работилница – Прилеп и Центарот за култура „Марко Цепенков“ на покана од Здружението на граѓани „Вардар” од Ниш, денеска и утре ќе гостуваaт на „Денови на македонската култура“ во Ниш.
Гостувањето е со музичко – поетска вечер и претставата – монодрама „Delirium tremens“ од Благоја Ристески Платнар, во режија и и во изведба на Игор Трпчески. Учествуваат и Димитар Ѓорѓиевски, Менде Костоски, Филип Јездиќ и Томе Темелкоски.
Поетската вечер ќе се одржи во библиотеката „Стеван Сремац“, а претставата ќе биде изведена во Академијата за уметност во Ниш.