Со неколку слики масло на платно и со една скулптура- инсталација, уметникот и карикатурист Златко Крстевски ќе учествува на меѓународна изложба во Полска. Изложбата е насловена „Sztuka Drzewnej“ и ќе биде отворена утревечер во Центарот за современи уметности „Електровна“ во градот Радом.

До 8 октомври делата на Крстевски ќе бидат меѓу дела на уметници од 12-тиот меѓународен пленер „Garbatka Letnisko“ – творечка сликарска и скулпторска експресија.

Златко Крстевски е добитник на повеќе меѓународни награди за сликарство – награден е во Србија, Романија, Турција, Тунис и во Русија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2019 19:44