Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Александар Ѓорѓевиќ, по триумфот над селекцијата на САД, во дуел за пласман од 5-тото до 8-то место на Мундобаскетот во Кина, изјави дека има мешани чувства.

– Добра реакција, горда. Тоа што спиевме тука неколку дена ни помогна. Организацијата за време на овој турнир не беше лесна, но немавме многу опции. Верувам дека момците покажаа дека можат да се натпреваруваат по тешкиот пораз. Сакав да покажам дека сме обединети, тоа нè красело низ историјата и ни носело медали и подиуми. Денеска игравме како тим, рече Ѓорѓевиќ по мечот.

Новинарите побараа од Ѓорѓевиќ да ја коментира неговата изјава пред селекторот на САД, „Господ да им помогне“.

– Бев гостин на националната телевизија. Можевте да ја видите иронијата. Немам причина да блефирам. Не покажав непочитување за Америка. Само сакав да им дадам сигурност на играчите, да порачам дека сме подготвени, дека сакаме да се натпреваруваме. Поп (селекторот на САД, Попович) имаше убав коментар и јас го ценам тоа. Има разочарувања, такви се натпреварувањата, но имав одлична група момци. Се случија убави и лоши работи, порази, повреди. Не е лесно за момците, мора да ги туркаш напред, да ги поддржуваш, веруваш во нив, додаде Ѓорѓевиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2019 20:19