Шпанската репрезентација е прв финалист на Светското кошаркарско првенство во Кина, откако попладнево во драматичен дуел по две продолженија ја победи Австралија со 95:88 (22:21, 10:16, 19:18, 20:16, 9:9, 15:8).
Во финишот на основните 40 минути двете репрезентации имаа шанса за победа. Најпрво Шпанците дојдоа до поен предност на 8,7 секунди пред крајот, а на пет секунди пред звукот на сирената Австралијците реализираа само едно од двете слободни фрлања и натпреварот отиде во продолжение.
По изедначените први пет минути, во второто екстра време шпанската селекција беше подобра и се избори за финале.
Австралија за прв пат во својата историја ќе игра за медал (за бронза) на Светското првенство.
Противник на Шпанија во финалето ќе биде победникот на натпреварот Аргентина – Франција, додека поразениот оди на Австралија.
Финалето и натпреварот за третото место ќе се одржат в недела во Пекинг.