Популарно наречените „Петли“ стигнаа до својот втор медал во историјата на кошаркарските мундијали.
Репрезентацијата на Франција го освои третото место на Светското првенство во кошарка во КИна откако успеа да ја совлада Австралија со осум поени разлика (67:59)
Тројката која ги водеше „Петлите“ до бронзениот медал беше Де Коло кој постигна 19 поени додека Еван Фурние уфрли 16 пеони а Винсент Поаер постигна 8 поени и запиша 7 скока позади својот скор.
Во репрезентацијата на Австралија пак Џо Ингс со 17 и Пети Милс со 15 беа двајцата најдобри стрелци, а ова за Австралија значеше и најдобар пласман на едно големо натпреварување во својата историја.
Претходно, Французите освоија и бронзен медал на првенството во 2014 година.