Шпанците станаа светски шампиони па очекувано беше и еден кошракар од редовите на „Црвената фурија“ да го понесе престижното МВП признание.
Таа чест од редовите на новиот светски шампион ја имаше Рики Рубио.
Рубио за текот на првенството во просек имаше 16,4 поени, 6,0 асистенции, 4,6 скока, 1,5 украдени топки и 38,7% успех од поле на целиот турнир додека во финалето постигна 20 поени.
Рубио наградата имаше чест да ја прими од легендата на Светската кошарка, Коби Брајант.