Кошаркарската репрезентација на Шпанија која во неделата на Мундобаскетот во Кина стана светски првак, се врати во родната земја.

Експедицијата на „Црвената фурија“ на мадридскиот аеродром „Барахас“ слета околу 18 часот, а прв играч кој излезе од авионот беше капитенот Руди Фернандес, кој го држеше вредниот пехар. До него беа селекторот Серџо Скариоло и претседателот на шпанската кошаркарска федерација, Хорхе Гарбахоса.

Потоа сите играчи позираа со трофејот кој изненадувачки го освоија без ниту еден пораз. Тимот беше на прием кај кралот Фелипе, а потоа прославата ќе се пресели низ улиците на шпанската престолнина. На централната прослава на еден мадридски плоштад, се очекуваат десетици, па и стотици илјади навивачи кои нетрпеливо чекаат да ги поздрават своите кошаркарски херои кои им донесоа голема радост.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2019 22:25