По повод 50-годишната музичка кариера, кумановската пејачка Маргица Антевска ќе одржи концерт вечерва пред кумановци во големата сала на Центарот за култура. Концертот е дел од програмата за одбележување 500 години постоење на градот Куманово, и е поддржан од локалната власт и Министерството за култура.
– Чест ми е и задоволство да го споделам со вас јубилејниот концерт по повод 50-годишнината од мојата музичка кариера и пет века од постоењето на градот. Ги поканувам моите сограѓани да дојдат во што поголем број и заедно да го прославиме овој убав настан, изјави Антевска.
Влезот за концертот е слободен, а граѓаните можат да подигнат карта на благајната на Центарот за култура.
На концертот ќе настапат и други естрадни уметници, Ефто Пупиноски, Перо Христов, Сефедин Бајрамов, Дона Михаилова од Русија, Нино Величковски, Ристо Краповски и Никола Давидовски.