Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром, извојува и втора победа во вториот пријателски натпревар со романска Крајова.

Вечерва „штрковите“ го победија романскиот тим со 81-69. Средбата се одигра во малата сала на СРЦ „Јане Сандански“, но беше од затворен карактер, исто како и синоќешната во големата сала која МЗТ ја доби со 82-72.

Бекот Џабари Хиндс со 24 поени беше најефикасен кај МЗТ, Марко Симоновски имаше 17 поени, Дамјан Стојановски 12, Бојан Крстевски 11, Нуни Омот осум, а Андреј Магдевски пет поени.

Крајова ја води тренерот Александар Тодоров, човекот кој во 2012 година му ја донесе првата титула на МЗТ, а тогаш во играчкиот кадар беше Ѓорѓи Кочов, кој сега е тренер на „металците“ и во два дена успеа двапати да го совлада својот некогашен учител.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 00:58