Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска ја промовираше аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески, како и звучното месечно списание „Панорама“, кое е гласник на Сојузот за информирање на слепите и слабовидните лица од земјава и од регионот.

Министерот за култура Хусни Исмаили посочи дека Министерството со години ја поддржува издавачката дејност на Националниот сојуз на слепите и оти посветено работат на спроведување на политиките за надминување на различностите, за кршење на бариерите, на намалување на границите и на разликите помеѓу луѓето од каков било вид.

На свеченоста во Националниот сојуз на слепите, организирана по повод 15 октомври-Светскиот ден на Белиот стап се обрати претседателот на Сојузот, Жарко Селковски, а беа промовирани и последните броеви од списанието „Панорама“, соопшти Министерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 20:11