Извршниот комитет на Европската фудбалска асоцијација, УЕФА, на состанокот во Љубљана следната недела ќе обелодени каде ќе се играат наредните финалиња од машката Лига на шампиони.

Според најавите, финалето во 2021 година ќе се игра на „Крестовски“ стадионот во Санкт Петербург, потоа во 2022 година финалето би требало да се игра во Минхен на „Алијанц арената“, а во 2023 година, финалниот меч ќе се игра на „Вембли“ во Лондон.

Последното финале на „Вембли“ се играше во 2013 година, и ќе помине точно една деценија пред повторно Лондон да биде домаќин на овој настан.

Финалниот меч од оваа сезона ќе се игра во Истанбул.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 20:16