Во рамките на десеттото јубилејно издание на фестивалот на фотографија „Фотори“ што се одржува во Ријека вечерва пред хрватската публика ќе биде претставена современата македонска фотографија со три изложби: „Актуелен момент во македонската фотографија“ која е избор на дела на триесетина македонски современи автори, изложба на Боро Рудиќ и на Кирил Штрков, соопшти Фото сојуз Македонија.

Сите три колекции ќе бидат изложени во просториите на „Државниот архив на Ријека“.

– „Фотори“ е Ријечки фестивал на фотографијата во организација на Фото клуб Ријека, во чиј оквир се одвиваат низа збиднувања од областа на фотографијата како предавања, изложби, работилници, средби со автори и фотографска литература, демонстрација на фотографска опрема и прибор итн. Сите заинтерсирани на кои фотографијата им е професионално определување, или пак хоби можат да земат учество и нема никакви ограничувања во поглед на возраста, се наведува во соопштението од Фото сојуз.

Идеен и духовен лидер на манифестацијата е Борислав Божиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 21:14