На сите мечеви од 1. коло во Лигата на шампионите кои се играа синоќа во вториот термин, паднаа три или повеќе голови, а најинтересно беше во Мадрид, каде што Атлетико во 91. минута се спаси од пораз против Јувентус.

Јуве водеше со 2:0, но од Мадрид се враќа само со еден бод. Динамо Загреб ја растури Аталанта, а македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го одигра целиот натпревар. Убедлив беше и ПСЖ против Реал. За „кралевите“ заврши серијата од 12 сезони по ред во кои во ЛШ стартуваа со победа.

РЕЗУЛТАТИ: Бриж – Галатасарај 0:0 Олимпијакос – Тотенхем 2:2 Атлетико Мадрид – Јувентус 2:2 Баер Леверкузен – Локомотив Москва 1:2 Баерн – Црвена ѕвезда 3:0 Динамо Загреб – Аталанта 4:0 ПСЖ – Реал Мадрид 3:0 Шахтар – Манчестер сити 0:3.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2019 10:09