Синоќа во Битола пристигна вториот лауреaт на 40 –тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Јоргос Арванитис, еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет.
Според фестивалската програма, денес претпладне во 11:30 часот во малата сала на НУ Центар за култура-Битола, Арванитис ќе одржи мастерклас кој ќе биде отворен за публика.
Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека наградата златна „Камера 300“ на Јоргос Арвантиитис ќе му биде доделена на затворањето на фестивалот, в сабота на 21 септември.