Во организација на Агенцијата за филм деновиве во Битола се одржува работилница на која преку креативни и оригинални вежби се развиваат идеи за филмови.
Ментори на работилницата се Пјер Хоџсон од Лондон и Нолвен Гуизиу од Бретања, а учесници се македонски и автори од Црна Гора, Словенија и Хрватска.
– Карактеристично за оваа работилница е тоа што преку искуството на менторите и претходно утврдената програма за работа исполнета на оригинални начини за анализа на карактерите и дејствијата во идеите за филмови, преку кои учеснците ги подобруваат своите вештини за развој на приказните и се здобиваат со знаења за тоа како да се поттикнат себеси и да придонесат кон поголема оригиналност, автентичност и атрактивност на своите идни филмови, информираа од Агенција за филм на Република Северна Македонија.