На фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола беше прикажан документарниот филм „Медена земја“, за кој имаше голема заинтересираност од домашната публика.
Од фестивалскиот прес-центар нагласуваат дека салата на Центарот за култура била преполна за филмот кој е македонски кандидат за номинација за Оскар. По завршувањето на проекцијата продуцентот Атанас Георгиев и кинематограферите Фејми Даут и Самир Љума беа поздравени со громогласен аплауз и одговараа на прашања од публиката.