Претседателот на Кошаркарската федерација Перо Антиќ, на денешната средба со новинарите откри дека договорот на Јорданчо Давитков како селектор на машката репрезентација е истечен и оти се водат преговори со негови потенцијални наследници.

– Имавме состанок со Давитков, му ги презентиравме плановите. Нему му е истечен договорот. Има неколку имиња како опции за селектори, но не сакаме да избрзуваме и да откриваме детали. Одлуката ќе се донесе заедно со Стручниот совет кој треба да даде мислење, рече Антиќ.

За женската репрезентација веќе нема дилеми, селектор ќе биде Владимир Ѓоровиќ, кој побарал натурализација на некои други кошаркарки и не планира да ги користи Американките кои веќе имаат македонски пасош.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2019 16:44