„Мардам“ е насловен заедничкиот перформанс на младиот пијанист Арда Мустафаоглу и ликовниот уметник Мирослав Масин, кој вечер од 19 часот ќе се одржува на Школка во Градски парк.
Пијанистот Мустафаоглу придружуван од квартетот „Strength“ ќе се претстави со класични дела на Шопен, Прокофјев, Ерик Сати, Фазил Сај, а неговата изведба ќе биде инспирација за Масин да создава уметнички дела.
– „Мардам“ е скромен обид Градскиот парк во Скопје да прерасне во место каде што класичната музика и ликовната уметност непосредно ќе им бидат достапни на посетителите, велат двајцата уметници.