Екипата на Манчестер јунајтед со многу мака ја совлада Астана со само 1:0 во првото коло од Лига Европа и тоа благодарение на 17-годишниот Мејсон Гринвуд кој беше стрелец на единствениот гол.

На терените каде синоќа се играа мечеви од Лига Европа, немаше Македонци, а паднаа вкупно 75 голови, имаше многу пресврти и во најава е одлична сезона во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.

Тешкиот пораз на Борусија Менхенгладбах од австриски Волфсбергер е најголемото изненадување, а убедлив беше и Лудогорец кој даде пет гола во второто полувреме против ЦСКА Москва. Партизан освои бод против АЗ Алкмар.

Резултати: Рома – Башакшехир 4:0, Борусија Менхенгладбах – Волфсбергер 0:4, Еспањол – Ференцварош 1:1, Гент – Сент Етјен 3:2, Лудогорец – ЦСКА Москва 5:1, Манчестер јунајтед – Астана 1:0, Партизан – АЗ Алкмар 2:2, Порто – Јанг Бојс 2:1, Ренџерс – Феенорд 1:0, Слован Братислава – Бешикташ 4:2, Волфсбург – Олександрија 3:1, Вулверхемптон – Брага 0:1.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2019 11:04